Продолжува истарагата за смртта на 16 годишното момче

Истрагaта за причините за смртта на 16-годишникот од село Ново Селе, чие тело беше пронајдено во раните утрински часови, во коритото на реката Пена во Тетовски бањи продолжи и денеска. Исчезнувањето на 16-годишникот вчера беше пријавено во полиција од страна на неговиот татко. Неговиот автомобил со тетовска регистерска табличка е пронајден денеска во близина на местото на настанот, а неколку метри подолу во реката е пронајдено и неговото мртво тело. Мотивите за смртта се уште официјално не се познати. На местото на настанот први пристигнале пожарникарите кои безживотното тело го извлекле од водите на реката Пена. Телото е испратено на обдукција во судска медицина во Тетово.
„Заедно со членовите на семејството се обидовме да го најдеме автомобилот, кој беше пронајден во близина на Тетовската бања. Потоа почнавме да го пребаруваме коритото и утрото заедно со полицијата го најдовме мртвото тело на многу тешко место, требаше да се интервенира со повеќе пожарникари, и телото го извадивме. Автомобилот го најдовме на стотина метри од жртвата, а го најдовме утрото околу 6:50 часот“, рече Авни Амети, шеф на Противпожарната бригада Тетово.