ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Продолжува изградбата на тетовскиот стадион

Работите за изградба на тетовскиот стадион не се прекинати и покрај одлуката на владата на поранешниот премиер Талат Џафери. Ова го соопшти портпаролот на општината Албион Алили, еден ден откако Уставниот суд ја укина одлуката на претходната Влада за стопирање на работите за стадионот во Тетово.

Advertisements

„Уставниот суд само го потврди она што го велевме, дека одлуката на Владата на чело со Талат Џафери била пристрасна и на штета на градот од власта во заминување. Работите на стадионот продолжуваат и ние сме во првата фаза каде се оди според планот и чекаме три години да го изградиме новиот стадион .Иако само две недели сме дел од Владата, сепак можеме да кажеме дека сега ќе биде многу полесно да се инвестира отколку кога бевме само дел од локалната власт“, рече Албион Алили. Портпарол на општина Тетово.

И министерот за економија Бесар Дурмиши, кој пред да ја преземе оваа функција беше претседател на советот на општина Тетово, се изјасни за одлуката на Уставниот суд. Тој појасни дека иницијативата за изградба на стадионот нема никакви законски прекршоци и најави дека работите ќе продолжат.

„Да имаше некаков прекршок или злоупотреба, тие не само со финансиската полиција, туку и со регуларна полиција секојдневно ќе не држеа пред вратите на општината и немаше да ни дозволат да работиме. Затоа, Уставниот суд само го потврди она на што имавме право“, рече Дурмиши.

Техничката влада на Талат Џафери во последните денови побара мислење од Уставниот суд за оцена на уставноста и законитоста на постапките за стадионот во Тетово, кој пред девет години и беше даден на трајно користење на општина Тетово. Повод за иницијативата во Уставниот суд беше предавањето на стадионот од општина Тетово на управување на превозното претпријатие, за што беше донесена одлука за стопирање на работите во мај.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button