ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Продолжува комисиската расправа за законските измени за изградбата на коридорите

Собраниската Комисија за европски прашања денеска ќе ја продолжи расправата за предложените измени на законите поврзани со изградбата на коридорите, означени со европско знаменце, кои треба да се донесат по скратена постапка.

Членовите на комисијата во петокот ги одбија амандманите од опозициската ВМРО-ДПМНЕ на Предлог-законот за измени на Законот за работни односи, кој е прв од петте закони во кои треба да се интервенира согласно договорот со „Бехтел и Енка“ за изградба на делници од коридорите 8 и 10д.

На денешното продолжение на седницата треба да почне расправата за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за урбанистичко планирање.

Во досегашниот тек од дебатата на Комисијата за европски прашања, опозицијата даде забелешки на носењето на законите со европско знаменце и по скратена постапка. Обвинија и дека се носат законски измени во врска со договор кој воопшто не го виделе, а со кои на работниците ќе им се наметне да работат по 72 часа неделно на отворено наместо по 40 часа.

Пратениците од владејачкото мнозинство, пак, одговорија дека со измените воопшто нема да има зголемување на работното време и дека на работниците ќе им се плаќаат дополнителните работни часови за прекувремена работа за која ќе треба да дадат пишана согласност. Измените, посочија, се носат за да се овозможи побрза и певтина изградба на коридорите 8 и 10д.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button