ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Продолжува комисиската расправата за законските измени за изградбата на коридорите

Собраниската Комисија за европски прашања денеска ќе ја продолжи расправата за предложените измени на законите поврзани со изградбата на коридорите, означени со европско знаменце, која стартуваше со претрес по амандманите од опозициската ВМРО-ДПМНЕ за измените на Законот за работни односи, по скратена постапка.

Со првиот од вкупно трите амандмани, опозицијата бара бришење на членот 1 од Законот, бидејќи според нив е неуставен.

Расправата во Комисијата за законското решение почна вчера кога најчесто говореа пратеници од опозицијата кои рекоа дека во измените на Законот нема ништо европско и затоа нема потреба да се разгледува во процедура со европско знаменце.

Тие ги прашуваа нивните колеги од владејачките партии како ќе гласаат измени на закони за проект за кој воопшто не виделе што се е предвидено во договорот што го потпиша Владата. Ги обвинија дека ќе им наметнат на работниците да работат по 72 часа неделно на отворено наместо по 40 часа како што е вообичаено.

Пратениците од владејачкото мнозинство одговорија дека со измените на Законот воопшто нема да има зголемување на работното време и дека на работниците ќе им се плаќаат дополнителните работни часови за прекувремена работа за која ќе треба да дадат пишана согласност.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button