
Најголемата конклава во историјата на Римокатоличката црква треба да продолжи денеска, кога се очекуваат да се одржат четири круга гласање, откако вчера не беше избран нов папа, како што и се очекуваше по првиот круг гласање, пренесе ХРТ.
Папата Франциск, кој почина во април, беше избран на крајот од вториот ден, по пет круга гласање, потсетува хрватскиот национален сервис. Осум години претходно, беа потребни два дена за да биде избран и прогласен папата Бенедикт Шестнаесетти.
Вчера попладне кардиналите ја почнаа процедурата за избирот на нов водач за 1,4 милијарди католици во светот. Синоќа, од специјално инсталираниот оџак на Сикстинската капела, кој се гледа од плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан се издигна црн чад, сигнализирајќи дека не е избран нов папа.