ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Продолжува обдукцијата на телата на настрадните во Кочани

Продолжува обдукцијата на телата на настрадните во Кочани

Членовите на семејството и роднините ги очекуваат резултатите од обдукцијата извршена врз настраданите во пожарот што вчера го зафати клубот „ПУЛС“ во Кочани.

Advertisements

Додека нашата екипа беше пред институтот, ги сретнавме семејствата на двајца членови на бендот ДНК, на тапанарот Ѓорги Ѓоргиев и фотографот Александар Ефремов. Немаа сила да зборуваат пред камерите. од Институот излезе и братот на пејачот на групата ДНК, Андреј Ѓоргиевски. Обдукцијата за точно утврдување на причините но и за идентификување на сите жртви се врши во Институтот за судска медицина. Директорот на овој институт Александар Станков во телефонски разговор не информираше дека целокупниот персонал е ангажиран и интензивно работи, со цел да им се овозможи на семејствата што поскоро да ги земат телата и посмртните останки на нивните блиски. Тој не прецизираше кога би можел да заврши целиот процес и што е утврдено од досегашните обдукции.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски напладне соопшти дека биле извршени обдукции на вкупно 15 жртви.

Вчера во кочанската болница членови на семејствата го блокираа патот, спречувајќи телата да бидат испратени на обдукција. Во пожарот во дискотеката ПУЛС животот го загубија вкупно 59 лица, од кои вчера беа идентификувани 35./Алсат.мк

Зекирија Хаџиу

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button