ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Продолжува расправата за измените на ЗРО поврзани со изградбата на коридорите 8 и 10д

Комисијата за труд и социјална политика денеска во 13 часот треба да продолжи со расправа по Предлог-измените на Законот за работни односи кои се дел од пакетот закони поврзани со изградбата на коридорите 8 и 10д.

Расправата почна вчера, а опозицијата побара да биде прекината, бидејќи, според нив, истата е беспредметна. Сметаат дека на овие измени треба да им се посвети поголемо внимание и дека е неопходна јавна расправа во која што би учествувале сите засегнати страни.

„Левица“ има поднесено над 1000 амандмани, за што денеска портпаролот Амар Мециновиќ ќе информира на прес-конференција. Вчера, пратеникот од „Левица“ Борис Крмов, на својот фејсбук профил објави дека поднеле 1.111 амандмани.

Амандмани најавија и ВМРО-ДПМНЕ и ВМРО Народна партија.

Од Владата вчера појаснија дека измените на Законот за работни односи се однесуваат само на проекти од стратешки и национален интерес и со нив се овозможува опцијата за подолга работна недела и недела работен ден исклучиво само за вакви градежни работи за што се обезбедува и писмена согласност од самиот работник.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button