Продолжува седницата за избор на претседател на Уставен суд

По вчерашните четири неуспешни обиди за избор на претседател на Уставен суд, седницата за избор продолжува продолжува денеска во 10 часот во просториите на Судот.
Според информациите, на седницата за избор која започна вчера во 10 часот ниту еден од предложените кандидати не го добил потребното мнозинство. Се гласало за избор помеѓу судијките Татјана Васиќ Бозаџиева и Ана Павловска Данева.
Новиот претседател на Уставен ќе ја замени досегашната претседателка Добрила Кацарска, чиј тригодишен мандат истекува на 2 јуни.
Според Деловникот, Уставниот суд на седница избира претседател на Судот од редот на судиите со двотретинско мнозинство од вкупниот број на судиите, со тајно гласање.
Покрај Кацарска, актуелни судии во Уставен суд од кои некој ќе ја преземе претседателската функција се Насер Ајдари, Осман Кадриу, Дарко Костадиновски, Фатмир Скендер, Татјана Васиќ Бозаџиева, Елизабета Дуковска, Јадранка Дабовиќ Анастасовска и Ана Павловска Данева.