ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Продолжува штрајкот, но и преговорите за повисоки плати во образованието

Штрајкот во образованието продолжува и во наредните денови, а продолжуваат и преговорите на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) со Министерството за образование и  наука (МОН). Членовите на СОНК во училиштата и детските градинки од понеделникот се во штрајк, поради барањето за зголемување на платите.

Претседателот на СОНК Јаким Неделков изјави дека очекуваат до вечерва односно утре до 12 часот да имаат понуда за да можат да ја дистрибуираат, да соберат повратни информации и евентуално Советот на СОНК да донесе одлука и да има време да се објави дека од понеделник ќе продолжи наставата или, како што рече, ќе кажат дека нема решение и Советот не ќе може да ја смени одлуката затоа што членството не ја прифаќа понудата и ќе мора да продолжи штрајкот.

Тој апелира што побрзо да се дојде до решение и да се врати нормалниот тек во училиштата и во градинките.

На прашањето која е црвената линија што членството односно СОНК може да си ја дозволи за да може штрајкот да сопре, Неделков нагласи дека не разговарале за црвена линија меѓутоа тоа не значи, подвлече, дека под 18,4 проценти нема ништо да прифатат.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button