ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Продолжува собраниската расправа за избор на уставен судија

Пратениците вчера ја почнаа расправа по Предлогот за избор на судија на Уставниот суд. Станува збор за професорката на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при УКИМ, Ана Павловска-Данева, да биде нова уставна судијка. Предлогот Павловска-Данева дојде откако на 24 јануари по речиси една и пол година расправа во Собранието беше повлечен предлогот за доскорешниот републички обвинител Љубомир Јовески да биде уставен судија.