ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Продолжува собраниската расправа за ребалансот на буџетот

Собраниската расправа за ребалансот на Буџетот продолжува денеска напладне, а согласно Деловникот за работа, таа може да трае најмногу пет работни дена. За време на вчерашниот прв ден од расправата, власта и опозицијата со спротивни ставови. За власта ребалансот е соодветен и навремен фискален одговор на тековните глобални случувања, за опозицијата дека земјата е банкротирана и со брз чекор се движи кон рецесија и сиромаштија.

Advertisements

Министерот за финансии Фатмир Бесими од собраниската говорница порача дека со ребалансот на Буџетот се дава поддршка за повисоки пензии, повисоки плати, субвенции за поддржување на земјоделците и низа антикризни мерки. Во Дополнетиот ребаланс на Буџетот се вградени амандмани со кои се обезбедуваат дополнителни 25 милиони денари за здравството, животната средина и инфраструктурата. Вкупните приходи се планирани на ниво од 245,8 милијарди денари и се за 6,9 милијарди денари повисоки во однос на првичните проекции на Буџетот, додека вкупните расходи се планирани на ниво од 288,5 милијарди денари или се околу 16 милијарди денари повеќе во однос на иницијалните проекции со планот за 2022 година.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button