ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Продолжува собраниската седница за реконструкција на Владата

Седницата на македонското Собрание на која се расправа за реконструкција на Владата продолжува денеска во 12 часот.
Премиерот Димитар Ковачевски на почетокот на седницата, образложувајќи го предлогот за разрешување на кадрите на Алтернатива од Владата, партија која реши да премине во опозиција откако Алијанса за Албанците реши да се приклучи на владината коалиција, рече дека со реконструкцијата ќе се внесе нова енергија и ќе се стави крај на манипулациите за предвремени избори.
Пратеникот Александар Николовски од ВМРО ДПМНЕ, обраќањето на премиерот пред пратениците го нарече „бледо со многу флоскули и работи кои се на раб на политички реченици кои се повторуваат често на политичката сцена и се без суштина“.