ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Продолжува судењето за случајот со родилката од Дебар

И по две години не се гледа крајот на судскиот процес за родилката од Дебар, Јилдиз Веапоска, на која во 2020 година по породувањето со царски рез во струшката болница ѝ беа извадени три органи – јајник, матка и еден бубрег. Првообвинет е гинеколог од Струга, Мухамед Асани, а потоа неговиот син Блертон Асасани. Трето обвинета е докторката Лилјана Јованоска. Тие се товарат за предизвикување тешки дела против здравјето на луѓето.

„Јас мислам дека начинот на докторите за да се спасат од оваа работа, што ми ја направија е само во одолговлекување. Врз мене многу лошо влијае и психички и физички.Неможам да стојам на нозе.Едвај чекам да дојде крајот и вистината да излезе не само за мене, туку за сите жени во Македонија, да не молчат и да не запираат кога има лекарски грешки“, вели Веапоска.

На денешното судско рочиште беше донесена одлука да се изготви ново супер-вештачење од страна на судско медицински одбор од Медицнскиот факултет, откако вештачењато на одбраната се коси со она на судска медицина и во него стои дека двајцата лекари и го спасиле животот на Веапоска. Но, од Судска медицина го велат спротивното.

„Според нашето вештачење влошувањето на здравствената состојба е настанато исклучиво поради делувањето на здравствениот тим во болницата во Струга. За жал законот е таков каков што е, овозможува вештачење од вештак поединец да се споредува со вештачење направено од институција и тројца професори и со тоа му дава право на судот да побара изготвување на супер вештачење, кога има спротивни вештачења. Ова многу често се случува намерно и врз основа на никакви докази се прават вештачења, само за да бидат спротивни од вештачењата дадени од Институтот за да може да се прават супер вештачења“, рече Александар Станков-директор на Судска медицина.

„Не се усогласија едноставно во однос на настанување на последиците кои ги има оштетената, имаат спротиставени мислења за начинот на кој е водена целата нега“, рече Александар Новаковски-адвокат на обвинетата докторка.

Првообвинетиот, доктор Асани веќе се изјасни за невин. Следното рочиште е закажано на 3 јуни, а поради недостиг на судии, судскиот процес сега го води судија од Скопје. Но, тој е ангажиран во струшкиот суд до септември.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button