Продолжува трендот на раст на дигиталните плаќања

Податоците Народната банка за платежната статистика за вториот квартал од 2024 година, покажуваат тренд на натамошна засилена употреба на дигиталните канали за извршување на плаќањата во земјата, особено од страна на граѓаните, како при употребата на платежните картички, така и при употребата на решенијата за мобилно плаќање при електронско иницирање на кредитните трансфери, односно платните налози.
Во вториот квартал од 2024 година, забележан е значителен годишен раст кај бројот и вредноста на платежните трансакции на граѓаните во трговијата во земјата, со картичките издадени од домашните даватели на платежните услуги од 17,2%, и 16,2%, соодветно. Растот на бројот на платежните трансакции се должи пред сѐ на високиот годишен раст на плаќањата во е-трговијата во земјата од 21,8%, при солиден раст од 16,8% и на плаќањата на терминалските уред ПОС, соопшти Народна банка.