ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Продолжува злоупотребата на „балансерот“ за државно вработување и унапредување

Продолжува злоупотребата на „балансерот“ за државно вработување и унапредување

Државниот завод за статистика вработува Роми и Турци лажно пријавени како Албанци за да ги пополнат работните места резервирани за Албанци. Одлуките што ги обезбеди Алсат докажуваат дека според конкурсот овие места биле резервирани за Албанци, но избран е Еран Зекир од турската заедница. Ја злоупотребил албанската припадност преку лажно пријавување или не, одговор не добивме од заменик-директорот на Заводот, Илми Селами.

Емрах Хусеиновски е друг вработен на место резервирано за Албанец како соработник во Одделението за квалитет, развој и координација на статистичкиот систем. Според проверките на Алсат, излегува дека Хусеиновски припаѓа на ромската заедница, но ниту во овој случај не добивме потврда или демант од Селами.

Пријавата што стигна до Алсат зборува и за одлука на Заводот за статистика спротивна на начелниот договор меѓу политичките партии, раководител на подрачната единица Скопје да биде Албанец. Одлуката што ја обезбедивме го докажува спротивното. Јасмина Ѓорѓиева на оваа функција била избрана на 20 декември. Ниту за ваквата одлука Селами немаше одговор на прашањата на Алсат, иако претходно најави дека раководител на подрачната единица Скопје е и ќе биде Албанец.

Ова не е првпат механизмот за етнички баланс при државните вработувања да се злоупотребува во институциите. Постапките што ги преземаа државните органи не дадоа конкретни резултати и покрај тоа што на изводите од матичната книга на родените пишува етничката припадност, но законските одредби овозможуваат секој поединец при вработувањето самиот да се изјасни како се чувствува.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button