ВЕСТИСВЕТ

Продолжуваат борбите и руските воздушни напади во Мариупол

Жестоките борби и руските воздушни напади продолжуваат во опколениот пристанишен град Мариупол на југоисточниот дел на Украина, соопшти британското воено разузнавање изутринава. Хуманитарната состојба во градот се влошува, а повеќето од 160.000 преостанати жители немаат струја, комуникација, лекови, греење, се вели во соопштението на украинското Министерството за одбрана во кое се додава дека руските сили го спречиле хуманитарниот пристап, најверојатно за да ги притиснат бранителите да се предадат. Извештајот не можеше да биде независно потврден.

Advertisements

Претходниот ден Украина продолжи со напорите за евакуација на луѓето од Мариупол. Повеќе од 3.800 луѓе можеа да заминат на 5 април по договорените хуманитарни коридори, изјави украинската вицепремиерка Ирина Верешчук. Но, седум автобуси кои тргнаа да ги евакуираат луѓето од Мариупол не успеаја да се пробијат низ руската блокада, рече Верешчук.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button