СВЕТ

Продолжуваат борбите меѓу Хамас и Израел, досега убиени повеќе од 1 000 луѓе

Повеќе од илјада луѓе досега се убиени во борбите меѓу Хамас и Израел кои траат и утрово, речиси 48 часа откако палестинската милитантна група ја нападна земјата, јави ДПА.

Advertisements

Израелските одбранбени сили (ИДФ) утрово соопштија дека била погодена зграда во која се сместени членови на Хамас и неколку командни центри на Хамас. Меѓу центрите имало и еден што му припаѓа на Мохамед Кашта, висок член на морнарицата, соопшти ИДФ на платформата Телеграм.

ИДФ исто така гаѓаше оперативен објект на Хамас лоциран во џамија во градот Џабалија, се вели во соопштението.

Израел собрал околу 100 000 резервисти на југот, изјави портпаролот на ИДФ Џонатан Конрикус во видео објавено утрово на социјалните мрежи.

Мисијата, рече тој, е да се осигура дека Хамас повеќе нема да биде воено способен да им се заканува на Израелците и повеќе да не може да владее со Појасот Газа.

Конрикус рече дека околу 1 000 вооружени Палестинци влегле во Израел од Појасот Газа во исто време со ракетните напади на Хамас, кои почнаа неочекувано во саботата наутро. Портпаролот рече дека оделе од куќа до куќа во потрага по жртви.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button