ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Продолжуваат политичките игри во училиштето во с. Подгорци

Со Основното училиште во струшкото село Подгорци се уште раководи в.д директорот, кој го назначи Министерството за образование, откако претходно, ресорната министерка Весна Јаневска му ги одзеде на струшкиот градоначалник, Рамиз Мерко, ингеренциите за ова училиште и за она во селото Дрслајца. Од училишниот одбор обвинуваат дека министерката назначила кандидат кој не ги исполувал професионалните и законски услови за оваа позиција.

Advertisements

„Нема положено сертификат за познавање на англиски јазик и нема положено испит за директор. Овој чин е не само кршење на законските и етичките стандарди, туку и навреда за наставниците и училишната заедница, кои бараат правда“, вели Мерлин Ајдароски, претседател на Училишен одбор.

Иако од страна на учлилишниот одбор, биле запазени сите законски норми, министерката Јаневска, го стопирала и огласот за избор на нов директор, без соодветно образложение за тоа, вели Ајдароски. Тврди дека и просветениот инспекторат во својот инспекциски надзор во училштето утврдил дека сите постапки за избор биле законски.

„Јавно ве предупредуваме дека оваа одлука не само што ја потикнува довербата во образовниот систем, туку ќе се соочи со силен правен и јавен отпор од наша страна и целата образовна заедница. Од вчера добиваме вознемирувачки информации дека наставници, кои четири години се вработени со Договор во нашето училиште, ќе бидат отпуштени за да бидат заменети со лица однадвор. Го предупредуваме министерството дека со овој обид за кршење на правата на овие наставници ќе се соочи со сериозни правни мерки и силна мобилизација од наша страна“, додава Ајдароски.

Алсат праша во Министерството за образование, за сите овие обвинувања, но одговор не добивме. На почетокот на декември од таму рекоа дека изборот на нов директор не била направена поради одредени неправилности.

„Поради добиена претставка за наводни нерегуларности при спроведување на постапката за избор на директор во училиштето во струшко Подгорци од страна на училишната комисија, Министерството за образование и наука не го направи изборот на предложениот кандидат за директор, за кој, патем има и поднесена претставка за проверка на веродостојноста на приложената конкурсна документација. По завршувањето на надзорите од страна на надлежните институции и органи за постапување согласно пристигнатите претставки, ќе ве известиме за исходот и понатамошните чекори“, велат од Министерството за обраование.

Родителите на почетокот на декември побараа, министеството да го почитува суверенитетот на училишниот совет и да го потврди назначувањето на директорот согласно законските процедури, да се избегнат намерни одложувања и блокади, кои како што рекоа биле резултат на политички игри од субјекти како ВМРО и други, кои сакале да го манипулираат овој процес за свои интереси.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button