ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Продолжуваат преговорите во ВЛЕН

Продолжуваат преговорите во ВЛЕН

Договор за продолжување на преговорите. Ова е епилогот од средбата меѓу лидерите на ВЛЕН, Изет Меџити, Билал Касами, Зеќирија Ибраими и Арбен Таравари, кој за разлика од претходната средба, овој пат беше присутен на состанокот. Како што дознава АЛСАТ, Арбен Таравари, и покрај бројните изјави во последниве денови, вклучувајќи ги и опциите за разговори со ДУИ, па дури и излегување самостојно, негирал дека ги напуштил другите лидери на ВЛЕН, кои исто така му поставија ултиматум за да се одлучи. Овие разлики се надминати, дури разговорите преминале и во втора фаза – на работните групи, кои во рок од два до три дена треба да ги изготват сите комбинации, за општините и листите на кандидати за советници во рамки на заеднички настап на локалните избори. Таравари денеска изјави дека се преговара.

Advertisements

„Преговараме, се договараме и ќе излеземе во јавност и ќе ги кажеме сите ставови“ – Арбен Таравари, претседател на AА.

Останува да се види дали Арбен Таравари, кој побара дополнително време за консултации со членството за идните активности, како што одлучи централното Собрание на АА, кое го овласти тесното претседателство да одлучува за иднината на Алијансата што тој ја води, ќе го почитува договорот.
Во Влен вредел принципот дека субјектите кои учествуваат во коалицијата ја делат централната власт. Но иако кандидатурата за локална самоуправа требаше да се направи врз основа на реципроцитет, без да си ја мерат силата кај гласачкото тело, во стил глас повеќе или помалку, на Таравари му беа понудени 35% од кандидатите за градоначалници и општински советници. На Таравари му е понудено да предложи кандидат во Гостивар, Струга и Врапчиште, и да избере дали ќе предложи кандидат во Липково, Арачиново или Студеничани. Исто трака треба да избере и дали во Брвеница или во Чашка ќе предложи кандидат за градоначалник.. Демократското движење, Алтернатива и БЕСА ќе имаат по тројца кандидати кои имаат добитни општините. Ваквиот заклучок од средбата доаѓа откако лидерите на ВЛЕН побараа Таравари во рок од една недела да се изјасни дека ги прекинува каналите за комуникација со Али Ахмети и со тоа повторно да го отвори патот за продолжување на коалицијата ВЛЕН.

„Сакаме да ја имаме Алијанса за Албанците како дел од ВЛЕН, но сакаме Алијанса која ја нема ДУИ како опција. Мислам дека за една недела, најмногу, оваа работа ќе биде разјаснета бидејќи нема смисла да ја замараме јавноста сега дали сме или не сме ВЛЕН“ – ИЗЕТ МЕЏИТИ, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ДД.

Несогласувањата започнаа откако во јавноста се појавија информации дека Таравари преговара со ДУИ, додека тој самиот призна дека околу 40 минути комуницирал со шефот на интегративците, Али Ахмети и по неговите изјави во медиумите дека 70% од граѓаните Албанци се незадоволни од владеењето на ВЛЕН.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button