ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Продолжуваат препокувањата СДСМ – ЗНАМ

Продолжуваат препокувањата СДСМ - ЗНАМ

СДСМ е епохално неспособна партија во чие владеење и го дозволи дивеењето на ДУИ во сите институции во државата, се вели во партиската реакција на движењето ЗНАМ, со што всушност продолжија партиските препукувања со опозициската СДСМ, кои веќе извесен период во јавноста гласно ја искажуваат својата меѓусебна нетрпеливост. Во своето последно соопштение, движењето ЗНАМ во прашање ја доведе и легитимноста на првиот човек на социјалдемократите Венко Филипче, алудурајќи на тоа дека тој ја води партијата по инструкции од поранешниот претседател Зоран Заев.

Advertisements

„СДСМ се навикнати, по принципот на давање помал отпор, секој да им прави што сака во нивниот двор, само за да можат да си ги остваруваат сопствените бизнис интереси на нивната врхушка предводена од центарот во Муртино. Е, тоа кај Движењето ЗНАМ – За наша Македонија не поминува. На нелегитимно поставениот Претседател на СДСМ и директор на фондацијата Заев му препорачуваме повеќе време да инвестира во обновата на неговата партија со нарачка на соодветна инфузија, затоа што партијата се наоѓа во прединфарктна состојба, отколку да се грижи и да ги коментира политиките на Движењето ЗНАМ„, велат од Движење ЗНАМ.

Овие обвинувања од ЗНАМ пак доаѓаат по пресконференцијата на портпаролката на СДСМ, Богданка Кузевска во која таа зборуваше за нивните активности во владата, односно рече дека Максим Димитриевски не е никаков контролор на работата на албанските партии туку дека неговата партија само се борела да биде дел од владината коалиција само за да добие одредени функциии. Од СДСМ сметаат дека несогласувањата на релација ЗНАМ-ВРЕДИ во врска со евентуалната злоупотреба на службени возила на собранискиот спикер Африм Гаши се „трагикомичен обид“ за партијата на Димитриевски да се дистанцира од ВРЕДИ, односно велат дека тие не прават ништо за да реагираат во врска со скандалите кои ги правела владата.

Од друга страна пак, од СДСМ денеска без одговор на критиките од ЗНАМ, насочени токму кон нивниот претседател. Политичките препукувања пак меѓу ЗНАМ и СДСМ веќе извесен период тлеат во јавноста, па така претходно од ЗНАМ порачаа дека повеќе членови на СДСМ пројавиле желба да бидат дел од нивното движење. Во таа прилика од СДСМ одговорија дека раководството на ЗНАМ живее во илузија мислејќи дека е голем политички фактор, нагласувајќи дека според нив тие всушност имаат само епизодна улога во носењето на власт на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ./Алсат.мк

Михаило Донев

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button