Продолжуваат работите на коридорот 8, сомнежи за протекување информации
Продолжуваат работите на коридорот 8, сомнежи за протекување информации

По трасата по која минува Коридорот 8, поточно во сегментот еден на патот Тетово-Гостивар, продолжија приватните градби, дури и во врска со одлуката за неизградба и експропријација на земјиштето во широчина од 50 метри каде што минува трасата на коридорот. Ова во интервјуто во Алсат го најави заменик директорот на „Државни патишта“, кој рече дека по документирање на случајот, надлежните органи ќе се позанимаваат со оваа проблематика. За третиот сегмент Требениште-Ќафасан нема ниту проект ниту е започната експропријацијата.
„Можам да кажам дека во сегментот еден имаме случај кога се градеше во последните месеци токму на патеката каде што минува автопатот. Не знам како се случило, како добил дозвола за градба, но тоа е работа која треба да биде документирана и процесуирана во надлежните органи“, рече Назим Таипи, заменик директор на ЈП „Државни патишта“.
Од ДУИ денеска побара да се посвети внимание на вториот сегмент, тунелот на правецот Гостивар-Букојчан.
„ДУИ апелира за изградба на тунелот на патниот правец Гостивар-Букојчан, оценувајќи го како најсоодветно решение за изградба на Коридорот 8“, рече Ејуп Рустеми, поранешен директор на ЈП „Државни патишта“.
Поранешниот министер за транспорт и врски, Благој Бочварски рече дека како политичка партија и тогаш и денес, тврдиме дека новиот модел на градење е побрз, поефикасен и побргу ги дава резултатите на терен.
Пред неколку дена продолжија работите за Коридорот 8, по две години доцнење. Според премиерот, Христијан Мицкоски, работите на Коридорот 8 ќе завршат во рок од 4 години. За оските каде што има готов проект се очекува постапката за експропријација да заврши до крајот на годинава./Алсат.мк
Линда Ебиби