ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Продолжуваат разговорите со Бугарија, македонскиот јазик и идентитет се црвените линии

Разговорите за надминување на несогласувањата со Бугарија продолжуваат деновиве на ниво на работни групи, предводени од министрите за надворешни работи на двете земји, а македонскиот јазик и македонскиот идентитет се црвените линии во преговорите со Бугарија, кои повеќе пати изминатите денови ги потенцира државниот врв, а вчера ги повтори министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Advertisements

За тоа дека нема да има преговори за јазикот и идентитетот, посочи премиерот Зоран Заев уште во четвртокот, одговарајќи на новинарски прашања по интервјуто за БГНЕС, кое предизвика реакции во јавноста. Заев тогаш рече дека македонскиот јазик и македонскиот идентитет не се на маса за преговори, никаде во светот не се преговара за идентитетот и за свој мајчин јазик. Додаде дека Бугарија ја признава реалноста за македонскиот јазик и македонскиот идентитет, но сака да зборува за историјата, за минатото и за корените.

Министерката Шекеринска вчера презентирајќи го буџетот за одбраната за следната година, одговарајќи на новинарско прашање рече дека ќе направиме се за да се најде решение, но никако на сметка на прашањата за кои кажавме дека се нашата црвена линија, а тоа се македонскиот јазик и идентитет.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button