Продолжуваат судирите меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, околу трагедиите во Кочани и Тетово
Продолжуваат судирите меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, околу трагедиите во Кочани и Тетово

Трет ден по ред продолжуваат судирите меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, околу пожарот во модуларната болница во Тетово и пожарот во дискотеката Пулс во Кочани. ВМРО во денешното обвинување соопшти дека неколку дена по пожарот во модуларната болница, Филипче потпишал договор со компанијата што ги градела модуларните болници и ја зголемил цената за 20 проценти, само за да ги промени градежните материјали, обидувајќи се да ја скрие вистината дека изградил модуларни болници со материјали што се лесно запаливи.
СДСМ не ги коментира тврдењата на ВМРО, но ја обвинува владејачката партија за пожарот во дискотеката Пулс. Тие велат дека Мицковски го штити шефот на полицијата во Кочани, кој бил свесен дека дискотеката работи спротивно на закон.
Вчера, од СДсМ соопштија дека владата го штити и сменоводителот Драган Казак Петрушев од кривично гонење, кој бил одговорен за контрола на работењето во дискотеката, кобната вечер на 16 март. Според нив, јавноста треба да знае дали Петрушев бил тој што ги затворил вратите и не дозволил никој да ја напушти дискотеката./Алсат.мк
Линда Ебиби