
Бугарската политичка партија „Продолжуваме со промената“ денеска ќе го врати неисполнетиот втор мандат за формирање влада. Вториот мандат му беше врачен на Николај Денков на 3 јануари. Од „Продолжуваме со промената“ уште пред да го добијат мандатот изјавија дека ќе го вратат исполнет доколку политичките сили застапени во парламентот се обединат околу приоритетните цели за државата. Во нацрт-декларацијата беа формулирани четири приоритети. Од „БСП за Бугарија“ се изјаснија дека нема да го поддржат предложениот документ.