
Грција нема да може да ги укине ограничувањата на движењето во пошироката област во Атина следниот понеделник, како што беше планирано по наглото зголемување на инфекциите со коронавирус, изјави премиерот Кирјакос Мицотакис. Пошироката област во Атина, каде што живее половина од грчкото население, е под строги ограничувања, што беше предвидено да истечат на крајот на месецот. „Вчера имаше огромен пораст на инфекциите, особено во Атина, што го расипува нашиот план за постепено повторно отворање на 1 март“, рече Мицотакис на состанокот на владата.