Проектот „Мозаик“ за мултикултурно образование, не функционира со години
Проектот „Мозаик“ за мултикултурно образование, не функционира со години

Проектот „Мозаик“ речиси исчезна од сите градинки каде со години се спроведуваше со цел преку игра да се научи јазикот и културата на другите. Од градинката „Фидани“ во Чаир велат дека овој проект врз основа на посебната програма што ја имал веќе неколку години не функционира. Како што рече директорката Гезиме Бакиу, реализацијата на проектот има многу позитивни ефекти и затоа е добро да се врати.
„Да бидам искрена, овој проект не функционира веќе неколку години. Ги имаме групите „Мозаик“, кои порано беа на албански и на македонски јазик. Но, тогаш групата „Мозаик“ работеше со различен програмски план, инвестиција и материјал потребен за активностите, се беше дел од проектот. Но, неколку години по ред тој проект не функционира и оние „Мозаик“ групи кои постојат, работат со планот на редовната програма за градинки што ја имаме“, рече Гезиме Бакиу, директорка на градинката „Фидани“.
Министерот за социјална политика, демографија и млади рече дека нема никаква пречка во реализацијата на овој проект. Сепак, Лимани рече дека останува на родителите да одлучат на кој јазик ќе учат нивните деца.
„Во некои од приватните градинки, кои не сакам да ги споменам со име, да, тоа е практично, но имаме и случаи каде што имаме градинки кои се мешани, но со собирање потписи од родителите бараат тие да бидат одвоени. И Албанците сакаат да се разделат. Не можам да навлезам во овој дел бидејќи не сум одговорен и компетентен, семејството е тоа што го одредува детето во која од градинките ќе оди и на кој јазик ќе се учи неговото дете“, рече Фатмир Лимани, министер за социјална политика, демографија и млади.
Проектот „Мозаик“ се занимава со современото мултикултурно образование и воспитување на деца од предучилишна возраст во етнички мешани групи, чие образование се одвива на комбинација од повеќе јазици: македонски, албански, турски и српски. Во период од повеќе од една деценија, проектот се реализираше во 13 градинки, во вкупно 9 општини во Македонија со поддршка на невладината организација „Во потрага по заеднички јазик“./Алсат.мк
Мелихате Рустеми