ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Проекцијата на буџетот за следната година, според опозицијата, не е реална

Проекцијата на буџетот за следната година, според опозицијата, не е реална

Предлог буџетот за наредната година е нереален, бидејќи не можат да се соберат толку средства колку што се планирани – обвини опозицијата на последниот ден од дебатата за предлог – буџетот во Собранието. Државата нема да има доволно приходи за да ги реализира проекциите и  како резултат на тоа капиталните инвестиции нема да се реализраат.

Advertisements

Ваквата оценка на опозицијата е неприфатлива за власта.

„Ова е проектирање на буџетот за следната година. Во текот на следната година ќе разговараме за тоа колку е постигнато. Сепак, имаме рекорден број на капитални инвестиции. Ја споменавте миграцијата на младите. Дали знаете кога младите најмногу се преселиле? Знам дека моето семејство се пресели во ваше време бидејќи платите беа ниски, беа потценети“, рече Белкиса Зеќири, СДСМ.

Општите приходи на Буџетот за 2023 година се планирани на ниво од 282,1 милијарди денари или за 14,8 отсто повисоки од 2022 година. Планираните расходи за наредната година се за 324,8 милијарди денари или за 12,6 отсто повеќе од 2022 година. Буџетскиот дефицит е 4,6%. од планираниот Бруто-домашен производ или 42,7 милијарди денари.

Буџет за 2023 година

282,1 милијарди денари – Општи приходи

324,8 милијарди денари – Расходи од Буџетот

42,7 милијарди денари – Буџетски дефицит

Владата очекува стабилизација на поскапувањето на прехранбените производи на пазарот во втората половина од наредната година./Alsat.mk

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button