ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Проф. Селмани: Корупцијата е метастазирана во државата

Со години С Македонија не успева да ја искорени корупцијата. Во сите европски годишни извештаи, оваа појава постојано „цвета“. И во последниот документ на Европската Комисија имаше силни критики за корупцијата. Експертите оценуваат дека таа е толку многу раширена што тешко може да се реши. Професорот Башким Селмани вели дека оние кои треба да се борат со корупцијата, се всушност дел од неа.

Advertisements

„За жал, оние кои треба да се борат против корупцијата се дел од криминалот и прашањата кои имаат врска со блокирањето на сите институции, бидејќи сега корупцијата не само што е метастазирана во Македонија, туку има многу малку обиди да даде резултира затоа што ако судските процедури се анализираат, дали постои борба против корупцијата, мора да се докаже врз основа на завршени судски процеси. За жал, ниту еден од нив не е завршен. Оние кои се гонат сè уште се во процес на ширење на корупцијата и тоа е таа институционална маана“, вели проф. Селмани.

Според професорот Селмани, спас за државата е изградба на посебна меѓународна институција која би се борела против корупцијата. Според Центарот за економски анализи „Фајнанс Тинк“, извештајот на ЕК јасно покажува дека земјава има проблем и со борбата против сивата економија.

„Најголемите удари беа зададени при намалувањето на даноците на доход во 2008 година и воспоставувањето минимална плата во 2021 година. Какви и да се придобивките од намалувањето на сивата економија не може да се направи без силно и непристрасно функционирање на институциите кои се надлежни за справување со тоа. Потенцираме дека без видливи резултати во борбата против сивата економија, како што се вели во самиот Извештај, како и наметнување на нови и повисоки даноци, сивата економија само ќе расте“, наведуваат од „Фајнанс Тинк“.

Во последниот извештај, Европската комисија ја смета корупцијата како еден од трите главни проблеми во земјата, заедно со економските проблеми и невработеноста.

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button