ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Професорите по музичко револтирани од најавениот нов образовен концепт

Музичкото и ликовното образование се предметите кои страдаат во секоја реформа на Министерството за образование, било во основно или средно образование. Ова е оценката на Здружението на наставници по музичко, кои се револтирани од најавените реформи во основното образование кои предвидуваат кратење на часовите по музичко. Според нив, тоа би било на штета на децата.

Advertisements

Наставниците по музичко подолго време бараат овој предмет да им го предаваат и на првачињата, бидејќи како што велат, музичките таленти се откриваат на рана возраст. Некои се толку незадоволни од случувањата во образованието што размислуваат да ја напуштат работата. Еден од нив е и Флорим Зилфиу со 33 години искуство.

„Што ќе прават младите луѓе кои ќе дипломираат и ќе станат професори по музичко? Ако ми се даде можност, денеска заминувам. Не знам како ќе се организираме, како ќе ги одржуваме хорот, оркестарот и сите други активности, пеење, изведување, инструменти за учење, танцови, со еден час не се постигнува тоа…“

Иако ништо не е објавено официјално, според здружението на наставници по музичко, новиот концепт за основно образование предвидува само еден час неделно музичко или ликовна уметност. Или овие предмети да се реализираат, едниот во првото полугодие, а другиот во второто. Медиумското и дигиталното знаење, како и екологијата и хигиената ќе станат дел од училишната настава, најави премиерот Зоран Заев, коментирајќи го новиот концепт кој предвидува спојување на повеќе предмети во еден. Заев рече дека медиумската писменост ќе стане дел од наставата со цел да им помогне на помладите генерации да бидат силни и отпорни на лажни вести.

Melihate Rustemi

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button