РЕГИОН

Прогласена состојба на катастрофа во две хрватски општини поради земјотресот

Хрватската Влада на денешната седница прогласи состојба на катастрофа во Сисачко-мославинската и Загребската жупанија, кои во вторникот беа погодени од силен земјотрес. Состојбата на катастрофа ја прогласи премиерот Андреј Пленковиќ врз основа на информации за големината на штетата предизвикана од земјотресот.

Advertisements

Пленковиќ потсети дека денеска е точно една недела од првиот земјотрес што го погоди округот Сисак-Мославина и шест дена од разорниот земјотрес од 6,2 степени во кој животот го загубија седум лица. Тој порача дека никој нема да остане сам во оваа катастрофа и дека државата ќе им даде помош и на помалите места.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button