Климатски ПромениСВЕТ
Прогласена суша во северозападна Англија

Во северозападна Англија е прогласена суша поради многу ниските нивоа на реките и акумулациите, соопшти денес Агенцијата за животна средина.
Велика Британија ги забележа најниските врнежи од дожд помеѓу февруари и април од 1871 година, а Англија како целина го забележа својот најсув период во текот на тие три месеци од 1929 година, објави Скај њуз.
Северозападна Англија влезе во период на суша на 21 мај, но тој официјално беше прогласен денес.