РЕГИОН

Прогласена вонредна состојба во Нови Пазар

По вчерашните невремиња кои зафатија повеќе делови од Србија, денеска се отстарнуваат последиците, а во Нови Пазар е прогласена вонредна состојба.

Градоначалникот на Нови Пазар, Нихат Бишевац изјави дека водостоите на Рашка, Јошаница и Трнавица се зголемени, а на некои места тие реки се излеале од коритата.

Бишевац рече дека се отсечени и дел од руралните патишта и дека е ангажирана сета расположлива механизација на јавните претпријатија и деловните субјекти од особено значење.

„Машините се на терен и се надеваме дека штетата ќе биде санирана во најбрз можен рок“, рече тој.

Началникот на Секторот за вонредни состојби во Нови Пазар, Исмаил Дупљак вели дека во извештајот што го поднеле до командирот на градскиот штаб се наведува дека има оштетување на патната инфраструктура, но оти снабдувањето со електричната енергија е нормализирано, а водата за пиење е безбедна.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button