Производи за совршен изглед во лето


Алсат
21.07.2020 08:35
Лето е период на убави нешта, а „растопената“ шминка секако не е една од нив. Сепак, постои начин како да изгледате убаво и природно и во летните денови.
Се што треба да направите е да ги следите следниве неколку совети од врвните мејкап артисти кои одлично ќе ви послужат за топлите летни денови, а вашата шминка без разлика на сонцето ќе остане беспрекорна.
Чекор бр. 1
Прв совет кој го даваат врвните мејкап артисти, е дека во летните денови треба да користете пудра со заштитен фактор. Ако сакате да ја сочувате убавата кожа и да ја заштитите од сончевите зраци, мора да набавите квалитетен производ кој одговара на вашиот тип на кожа и кој ќе може да го користите секојдневно.
Чекор бр. 2
Инвестирајте во прајмер. Никогаш нема да зажалите доколку инвестирате во ваков производ кој служи како подлога, кој дефинитивно е спас во топлите летни денови бидејќи ја задржува шминката на едно место. Се користи по нанесување на кремата, а потоа може да ја нанесете вашата омилена пудра.
Чекор бр.3
Користете бронзер како би го истакнале оној штотуку исончан тен со нежен розев сјај. Истакнете ги јаболчниците, ставете сосем малку на средината на челото и носот и брадата за да добиете природен изглед.
Чекор бр. 4
Нанесете нежен слој на седефаста сенка на вашите очи. За да ги направите повпечатливи, на самиот агол нанесете светла сенка.
Чекор бр. 5
Комплетирајте го вашиот изглед со кармин во боја на праска или пак, со розев тон.