ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Производителите на леб и покрај субвеници нема да ги намалат цените

Субвенцијата за струја не е доволна за пекарите да ги намалат производите, па сега бараат државата да ги субвенционира платите на вработените. Приватните производители на леб сакаат со државни пари да обучеле нови кадри и не предвидуваат намалување на цената. Еден од претставниците на пекарите вели дека поради недостигот на кадар, нивните плати просечно се 30.000 денари. Според Игор Стојановски, трошоците за правење леб станале исти како на Запад, но повторно тоа не ги оправдува производителите за бурекот да стане луксуз за граѓаните, цената да се движи 80 денари за четвртина бурек.

Advertisements

Стопанската комора не води сметка зошто пекарите не ги намалиле цените на белите печива според договорот со Владата дека по субвенционирањето на струјата ќе ги намалат производите за најмалку 10%. Иако повеќето ја користат оваа мерка, надлежните велат дека сите производители од прехранбената индустрија треба да ги намалат цените. Од Комората велат дека просечната возраст на пекарите е 57 години, па со новата програма сакаат да обучат кадри под услов да работат 6 месеци во земјава. Потоа добиените сертификати може да им служат во странство.

Откако почна да се применува субвенцијата од 1 декември, не беа намалени сите производи на маркетите, како што беше договорено меѓу Владата и приватниот сектор. Ова за 5 месеци ќе го чини буџетот околу 3,5 милиони евра до месец април.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button