ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Производството на мед опаѓа, пчеларите се жалат дека пестицидите и климатските промени ги уништуваат пчелите

Производството на мед опаѓа, пчеларите се жалат дека пестицидите и климатските промени ги уништуваат пчелите

Оваа година за пчеларите беше просечна година во однос на производството на мед, додека цената годинава за килограм мед се движи од 650 денари до 1200 денари.

Advertisements

Првиот човек што го сретнавме на саемот за мед во центарот на Скопје беше пчеларот Перо Дабески, кому пчеларството му е семеен бизнис.

Заедно со уште четворица членови на семејството се грижи за 400 кошници со пчели.

Просечното производство годинава кај Дабески било дваесетина килограми од пчеларник. Во меѓувреме, предизвик останува прскањето со пестициди, кои доведуваат до угинување на пчелите.

Според купувачите, важно е медот да е квалитетен. Што се однесува до цената која оди и до 1.200 денари, купувачите велат дека попрво би купиле мед отколку лекови.

Како и за многу производи кај нас, нема загарантирана понуда за продажба на медот, додека производството на мед кај нас би можело да покрие 50% од потребите на граѓаните, останатиот дел е увоз од странство, што во најголем број случаи е лажен мед или со низок квалитет./Алсат.мк

Авни Тахири

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button