
Многу од хотелите на Охридско-струшката ривиера најавуваат дека ќе стават клуч на врата во наредните неколку месеци. Велат остварените приходи во текот на летото не се доволни да се преброди периодот кој што следува. Доаѓа зима, корона кризата сѐ уште е овде, а неизвесно е како ќе се одвиваат работите понатаму и во однос на евентуално нови рестриктивни мерки. Хотелите во моментот се речиси празни.
„Ако продолжи вака сигурно дека ќе за затворат хотелите. Клуч на врата што друго. За кого да работиме. Нема најави, нема туристи, нема можност. Многу мерки и тоа е врзано со целата работа. Не сум оптимист“, вели Перо Кутаноски-менаџер на хотел.
Затворањето на хотелите, ќе повлече и отпуштање на дел од вработените. Оптимисти не се ниту туристичките водичи.
„Треба навистина да преживееме до следната сезона. И она што се прогнозира и за наредниот период пост сезона, немаме некој оптимизам. Моја препорака до колегите е да го планираат своето време и да бидат спремни на нула ангажман и да најдат начин како да дојдат до средства за егзистенција“, вели Климент Наумов-туристички водич.
Ако државата, не излезе со нов сет на мерки за помош, ќе биде многу тешко за сите велат од ХОТАМ.
„Очекуваме некаква помош. Сите што имаат негативни бројки на крајот на годината ќе треба да добијат некаква помош. Уште сега треба да се решава дали тоа ќе биде во вид плата. Како и да биде ќе биде од помош за сите“, вели Крсте Блажески-претседател на ХОТАМ.
Оваа туристичка сезона беше поуспешна од ланската, но кратко траеше. Најголем дел од гостите беа домашни туристи. Според туристичкиот сектор само 10 % од гостите биле странски туристи.
Оваа туристичка сезона беше поуспешна од ланската но многу кратка. Најголем дел беа присутни домашни гости, додека странските беа во многу мал број. Според туристичкиот сектор во однос на 2019 година нивниот број бил само 10%.
Мики Трајковски