ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Променета боја и лош мирис на водата во Тетово

Со доаѓањето на есента, во Тетово повторно се појавуваат проблеми со водата за пиење. Паднатите лисја  и нивното гниење покрај реката, предизвикува водата да ја смени бојата, но и да има лош мирис. Директорот на Јавното Комунално Претпријатие, Џелал Цека, вели водата не може да се заштити, бидејќи изворот од каде се зема водата е отворен неколку километри.

Advertisements

„Водата од Лешница паѓа во реката и тоа е многу долг и отворен простор, и немаме можност сето тоа да го ставиме во цевки. Останува барем во главниот дел да се направи нешто за да се покрие тој дел каде што мислиме дека се случува собирањето на лисјата повеќе, затоа што е отворен терен со километри, па затоа е невозможно да се стави во цевководот“, вели Џелал Цека- Директор на ЈКП „Тетово“.

И покрај лошиот мирис на водата за пиење во Тетово и бојата што ја доби минатата недела, Институтот за јавно здравје вели дека водата е безбедна за консумирање и е чиста.

Овој проблем е присутен од 2017 година.

„Со ова се соочуваме веќе три години. Оттогаш направивме анализа и беше откриено дека бојата и лошиот мирис на водата доаѓаат од вегетацијата, претежно од лисјата што паѓаат во реката кај местото наречено Лешница. Ние ја проверуваме водата секој ден и, и покрај мирисот и бојата, водата е биолошки и хемиски чиста за да се конзумира “- велат од ИЈЗ.

Откако е откриен проблемот, пред три години, не се преземени никакви конкретни мерки за негово решавање, како што се сечењето на дрвјата покрај реката, или негово изолирање од полнење со лисја.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button