ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Променливо облачно и релативно топло, попладне со услови за дожд во западните делови

Денеска времето во земјава ќе биде променливо облачно и релативно топло, со слаб до умерен ветер од јужен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во западните делови, особено од попладневните часови ќе има појава на повремен пороен дожд и услови за ретки грмежи.
Минималната температура се движи во интервал од четири до 12 Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од 14 до 27 степени.
За Скопје синоптичарите прогнозираат слично време, сончево со мала до умерена облачност, која се очекува да се зголеми во попладневните часови со услови за појава на краткотраен дожд.
Минималната температура во главниот град се движи околу 10 Целзиусови степени, а максималната ќе достигне до 24 степени.