ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Променливо облачно, магливо по котлините

Променливо облачно, магливо по котлините

Времето денеска ќе биде променливо облачно, со магла по котлините, а попладне ќе се зголеми облачноста. Преку денот ќе дува слаб ветер од јужен правец.

Advertisements

Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 3, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде претежно магливо, а околу пладне маглата делумно ќе се намали.

Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 9 степени.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), до утре претпладне времето ќе биде стабилно со магла по котлините.

Под влијание на циклонска активност од утре кон крајот на денот ќе има врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Врнежите ќе бидат пообилни во текот на ноќта кон недела.

Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен, а од понеделник од северен правец, што ќе предизвика значително заладување и врнежите ќе преминат во снег и во повисоките места.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button