ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Променливо облачно, наутро со услови за магла или ниска облачност по котлините
Променливо облачно, наутро со услови за магла или ниска облачност по котлините

Променливо облачно, наутро со услови за магла или ниска облачност по котлините. Од пладневните часови од запад ќе се прошрат повремени врнежи од дожд, а на планините особено во западните делови врнежите ќе бидат од снег.
Повремени врнежи ќе има и преку ноќта. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер претежно од југоисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 4 до 10 степени.
Во Скопје умерено до значително облачно од пладневните часови со услови за краткотарен дожд во делови од котлината. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 7 степени.