Променливо облачно – попладне со пороен дожд, грмежи и силен ветер

Денеска времето во земјава ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд, а од попладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме, проследени со пороен дожд, грмежи, силен ветер со брзина од над 60 километри на час и услови за изолирана појава на град.
Минималната температура ќе се движи во интервал од 10 до 14 Целзиусови степени, а максималната ќе достигне од 18 до 23 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во попладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од скопската котлина ќе има услови за појава на краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 21 Целзиусов степен.