ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, температурата до 17 степени

Денеска времето во земјава ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, кои во источните делови се очекува да бидат пообилни со наврнати и над 15 литри воден талог на квадратен метар, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Advertisements

Миниминалната температура ќе се движи од еден од 10 Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне шест до 17 степени.

Во Скопје се очекува слично време, променливо облачно со повремени врнежи од дожд и слаб до умерен ветер од северен правец. Дневната температура во главниот град ќе се искачи до 16 Целзиусови степени.

Според Управата за хидрометеоролошки работи, нестабилната временска состојба ќе се задржи и во текот на викендот. Во сабота, според синоптичарите ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Во недела се очекува продор на студена воздушна маса од север и врнежи од дожд, кои на планините и на повисоките места ќе бидат од снег. Ќе дува засилен северен ветер, температурите значително ќе опаднат, а врнежи од снег се очекуваат и во некои од пониските места. Од понеделник утринските температури на повеќе места ќе бидат под нулата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button