ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Променливо облачно со сончеви периоди

По магливото и на места облачно утро, денеска нè очекува променливо облачно време со сончеви периоди, најавува Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Ќе дува слаб до умерен, а на места, вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Минималните температури ќе се движат во интервал од 0 до 9 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 13 до 23 степени.

Advertisements

Во Скопје наутро ќе има услови за појава на слаба магла по делови од котлината, а преку денот променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, кој во делови од скопската котлина краткотрајно ќе засилува.

За в сабота, УХМР најавува претежно сончево време, а за вториот ден од викендот облачно време со опаднати дневни температури за 6 до 8 степени од моменталните.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button