
Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла, а преку денот времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот ќе има повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 7 до 12 степени.
Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 10 степени.