ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Пронајден пиштол, приведен скопјанец кај Бит Пазар

На подрачје на Бит пазар од полициски службеници од СВР Скопје е лишен од слобода Б.А.(27) од Скопје, информираат од МВР.
Како што се наведува во билтенот,
Откако сопреле патничко моторно возило „ауди А7“ со скопски регистарски ознаки, пријавениот излегол од возилото и се дал во бегство, но бил фатен и при преглед кај него е пронајден пиштол „ЦЗ 9мм“, две рамки со по седум куршуми кал.9мм без дозвола за поседување, мобилен телефон и други предмети. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Настанот се случил вчера, околу 17:30 часот попладне.