ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Пронајдена дрога и приведено едно лице при претрес во Кочани
Пронајдена дрога и приведено едно лице при претрес во Кочани

Полициски службеници од ОВР Кочани вчера попладне го лишиле од слобода А.Ѓ.(28) од Кочани. При претрес во неговиот дом, извршен со наредба на Основен суд Кочани, пронајдени и одземени се марихуана и предмети со остатоци од бела прашкаста материја.
Како што соопшти МВР, лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.