ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Пронајдена дрога при претрес во Скопје

Пронајдена дрога при претрес во Скопје

По претходно добиена судска наредба за претрес на дом, синоќа од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи и од СВР Скопје Единица за недозволена трговија извршен е претрес во домот на З.В.(65) во Скопје.

Како што соопшти МВР, за време на претресот во домот пронајдени се две паковки со амфетамин, една паковка со марихуана и вага, додека при пребарување на теренот околу куќата пронајдени се пет поголеми пакувања со амфетамин и пакувања со марихуана, закопани на различни локации. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button