ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Пронајдена дрога, приведени дилери во Прилеп и Битола
Пронајдена дрога, приведени дилери во Прилеп и Битола

Полицијата денеска ги притвори двајца прилепчани и еден битолчанец кај кои се пронајдени кафеава прашкаста материја и марихуана.
Имено, во Прилеп, на улица „Скопска“ полицијата ги привела 32-годишниот прилепчанец со иницијали Ч.К. и 36-годишниот негов сограѓанин со иницијали П.И. Кај нив биле пронајдени две кеси со кафеава прашкаста материја. Двајцата се задржани во прилепската полиција и по целосното документирање на настанот ќе биде поднесена кривична пријава.
Исто така, денеска, полицијата во Битола го привела 25-годишниот битолчанец со иницијали Н.Д. кај кого е пронајдена марихуана. Тој е приведен во полициската станица во Битола и по документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава, информираат од СВР Битола.