МАКЕДОНИЈА
Пронајдени 200 кг марихуана, вредна половина милион евра

Полицијата за гранични проверки заплени 200 килограми марихуана во атарот на селото Аме дебарско во близина на граничната линија со Република Албанија. Марихуаната се проценува дека вреди половина милион евра. Била спакувана во 10 големи најолни, а полицајците ја нашле утринава во Банишко поле. Марихуната е најдена во ливада, а оние кои ја оставиле таму избегале. Полицијата трага по нив. Според информации на Алсат, имало поголема количина на марихуана, но пронајдени се 200 килограми.