СВЕТ

Пронајдени двете црни кутии на индонезискиот авион што се урна кратко по полетувањето

Двете црни кутии на Бионгот на индонезиската авиокомпанија, што се сруши во морето во близина на главниот град Џакарта, се локализирани и сега трае процедурата на нивно извлекување, објавија од Министерството за транспорт на Индонезија.

Advertisements

Боингот 737 500 на индонезиската компанија „Сривиџаја Ер“ завчера исчезна на само неколку минути по полетувањето од аеродромот во Џакарта, а крајна дестинација му бил Понтијанак во провинцијата Западен Калимантан

Станува збор за „Боинг 737-500“, стар 27 години, кој изгубил контрола само една минута откако полетал.

Авионот во кој имало околу 60 патници се урнал во морето, а засега не се знаат причините за несреќата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button